Македонија 13. септември 2020. / 09:36

Филипче до младите: Штитете се себеси, а со тоа ги чувате и повозрасните

Филипче до младите: Штитете се себеси, а со тоа ги чувате и повозрасните

Министерот за здравство Венко Филипче, упати порака до младите.

„Не е тешко: Се носи маска, се држи дистанца, се дезинфицираат рацете. Младите имаат клучна улога во надминување на пандемијата КОВИД-19. Бидете позитивен пример, штитете се себеси, а со тоа ги чувате и повозрасните, кои се во поголем здравствен ризик“, порача Филипче.