На денешната прес конференција министерот за здравство Венко Филипче информираше дека пристигнала донација од Јапонија и повторно апелираше на почитување на мерките.
Медицинскиот персонал е навистина преморен, ние правиме реорганизација и ротација на персоналот, и ова засега добро функционира, системот може да го одржиме, но не може без помош од граѓаните и почитување на мерките.
Од анализата на случаите, според извештајот од вкупниот број на позитивни случаи од 12-ти до 20-ти јуни, најголем дел се од Скопје и Тетово. Тие два града се најголеми жаришта во државата.
Заболени се заболени на сите возрасни групи, најзастапена над 60 години, 24,2% а секако има и помлади лица заболени.
Во однос на статистика за смртни случаи, најголем дел се на возраст над 63 години (83%), а останатите се со бројни хронични заболувања.
Денес преку итна неповратна помош, преку Амбасада на Јапонија го добивме лекот Favipiravir, за земјите погодени од вирусот. Добивме за 100 пациенти, а станува збор за антивирусна терапија која се користи за инфлуенцата и уште не е одобрен за ковид-19, во тек се многу клинички испитувања, но од искуства веќе има добри резултати во повеќе земји и за пациенти со ковид-19.
Утрово на состанокот на Комисијата разговаравме за дополнително попуштање на мерките, кои даваат забрана за работа на некои економски оператори. Донесено е одлука да се отворат казината и автомат клубовите, да профункционира јавен превоз во Тетово и кон крајот на оваа недела и отворање на теретани и фитнес центри, со веќе утврдени протоколи.
За отворањето на границите дополнително ќе се разговара денес и утре. Епидемијата е во полн ек, состојбата во регионот укажува дека во сите земји има пораст на случаи.