Македонија 28. мај 2019. / 20:04

Филипче: Беља ги наруши човечките односи затоа е разрешен

Филипче: Беља ги наруши човечките односи затоа е разрешен

Министерот за здравство, Венко Филипче за „Фокус“ потврди дека економскиот директор на ГАК, Ваљон Беља денеска е разрешен од својата функција.

– Директорот Беља е разрешен поради нарушени човечки односи. – изјави министерот Филипче.

Беља вчера на Фејсбук ја обвини својата колешка Викторија Јовановска, директорка на Гинекологија, за незаконски јавни набавки и дека фаворизирала компанија која врши лабораторски тестови. Притоа тој и се закани дека за случајот ќе го информира Јавното обвинителство.

Од друга страна, таа најави дека ќе поднесе кривична пријава за клевета и навреда за, како што истакна, изнесените невистини.