Македонија 11. март 2020. / 18:40

Филипче бара МВР да казнува лица и медиуми што објавуваат дезинформации за корона вирусот

Филипче бара МВР да казнува лица и медиуми што објавуваат дезинформации за корона вирусот

Министерот за здарвство, Венко Филипче, најави дека ќе биде побарано од министерството за внатрешни работи да презема мерки за санкционирање за поединците и медиумите што ќе објавуваат дезинформации во врска со ширењето на корона вирусот во Македонија.

Се задолжува Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот ден да објави соопштение во кое ќе се наведе дека ќе се преземат соодветни мерки за сите лица кои на социјалните медиуми објавуваат дезинформации, односно невистини, како и за медиумите кои истите тие дезинформации ги пренесуваат –  изјави Филипче.

Министерот Филипче соопшти дека се препорачува вработените лица во Армијата, во Министерството за одбрана, во Противпожарните територијални единици, Царинската управа, Домовите за нега на стари лица и мали групни домови, да се иземат од сите заклучоци и владините мерки.

Филипче изјави дека економските ресори на Владата будно ја следат состојбата во економијата и стопанството преку домашните, економски и финансиски институции, Светскаста банка и други и врз основ на направените анализи доколку е потребно ќе се пристапи кон дополнителни мерки.