Македонија 28. август 2020. / 14:09

Филипче апелира за почитување на мерките за време на празникот

Филипче апелира за почитување на мерките за време на празникот

Mинистер за здравство, Венко Филипче, апелира до верниците да ги почитуваат мерките за да се заштитат себеси и своите најблиски за време на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Поради зголемениот број верници кои ќе ги посетат верските храмови за празникот пресвета Богородица, апелирам на почитување на мерките за заштита од COVID-19. Тоа е единствениот начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот. Службата за итна медицинска помош за празникот има ангажирано 9 медицински екипи за подрачјето на Град Скопје. Во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот, порача министерот Филипче, честитајќи им го празникот на верниците.

На православните верници им го честитам празникот пресвета Богородица. Многу здравје, љубов и благосостојба, напиша тој на својот фејсбук профил.