Македонија 18. април 2020. / 08:28

Филипче: Ако повозрасните немаат стекнато имунитет, мерките за нив ќе важат до крајот на годината

Филипче: Ако повозрасните немаат стекнато имунитет, мерките за нив ќе важат до крајот на годината

Масовниот скрииниг на антитела што е планиран за средината или крајот на летото, ќе послужи да се процени имунитетот на возрасните над 65 години, на децата во школска возраст и на работоспособното население.

Како што најави министерот за здравство, Венко Филипче, резултатите од таквиот скрининг ќе бидат еден од показателите за тоа што ќе се случува со мерките и каква ќе биде динамиката на нивно олеснување.

Дали тоа ќе биде на есен или не, ќе ја пратиме епидемиолошката криза и врз основа на тоа ќе дадеме мислење и за тоа како можеби ќе треба да се организира наставата во училиштата. Доколку се процени дека нема имунитет на возрасното население над 65 години, може да кажеме дека рестриктивните мерки за нив ќе важат цело време до крајот на годината – изјави Филипче.

Тој нагласува дека засега многу е мал бројот на пациенти кај кои е детектираат дека имаат развиено антитела и тоа не може да биде показател врз кој ќе се базира одлуката како да се креираат политиките.