Македонија 27. октомври 2020. / 20:49

Филипче: Ако се почитуваат мерките за два-три месеци ќе спласне

Филипче: Ако се почитуваат мерките за два-три месеци ќе спласне

Во гостувањето на Топ Тема, министерот за здравство Венко Филипче истакна дека не е трајно решение воведување на полицискиот час.

Овој пакет на мерки во кој меѓу другото спаѓа и носење маска на отворено, половина капацитет на јавен превоз, работа на угостителски објекти до 23 часот е димензиониран така да животот продолжи да функционира, а сепак да се придржуваат граѓаните до мерките и приоритет е ставено на заштита на здравјето. Не е трајно решение полицискиот час. Доколку се почитуваат мерките може вирусот да спласне за два до три месеци, рече Филипче.