Македонија 21. јануари 2021. / 11:49

Фетаи: Четирите момчиња и рибарот се убиени кај Смилковско, се останато е научна фантастика

Фетаи: Четирите момчиња и рибарот се убиени кај Смилковско, се останато е научна фантастика

Денеска во судница, обвинителката Фатиме Фетаи во својот завршен збор за случајот „Монструм“ потврди дека четирите момчињата и рибарот се убиени кај Смилковското Езеро.

Со ова таа ја отфрли шпекулацијата дека наводно биле убиени на друга локација, па потоа биле донесени кај езерото. Фетаи нагласи дека масакарот се случил на таа локација, за за тоа укажувале сите пронајдените траги, локвите од крв, пронајдените чаури и проектили.

-Според науката и според објективните докази најдени на местото на настанот, се укажува дека петкратното убиство се случило на местото каде што беа и пронајдени телата, се останато е научна фантастика – истакна обвинителката Фетаи.

Обвинителката посочи во детали во каква положба биле пронајдени тела, од која близина било пукано и со какво оружје и ја отфрли шпекулацијата дека наводно возилото „опел омега“ со кое се возеле извршителите му припаѓало на полициска единица „Алфите“.

Самите обвинители од СЈО има можност да го видат загрозениот сведок, а таква можност имаше и судечкиот судија. Тој постои и не е инструиран. Да беше инструиран ќе требаше да даде многу појасен исказ, со јасен опис на извршителите. Имаше нејаснотии, имаше празнини, а и помеша дел од обвинетите со лица кои не се меѓу обвинетите. Вакви работи немаше да има доколу бил научен од некого да зборува. Овој дел го потенцирам за да се демантира тврдењето на одбраната дека целот настан е монтиран. Се шпекулираше дека имале честа дружба, и дека поради тоа биле ликвидирани. До овој момент ниту беше предложен доказ, но ниту имаше индиции дека децата се познавале со деца на функционери, и дека наводно имале нерасчистени сметки, поради кои наводно биле лишени од живот, истакна Фетаи.