Македонија 02. јули 2020. / 22:38

Фејк анкета на Тим институт како обид да се покаже дека СДСМ има поголема поддршка од граѓаните

Фејк анкета на Тим институт како обид да се покаже дека СДСМ има поголема поддршка од граѓаните

Продолжува валканата игра и ширењето лажни власти во полза на власта во предизборниот период.

Последниот таков случај е анкетата на американскиот Национален демократски институт.

Според анкетата спроведена во јуни од американскиот Национален демократски институт (НДИ), а објавена денеска коалицијата предводена од СДСМ имаат предност од 3,6 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Ваквите бројки би биле во ред, доколку не се погледне вкупниот збир на одговорите што се понудени во анкетата, а кој изнесува вкупно 93.9 проценти.

Како што се наведува во анкетата, кај албанските гласачи ДУИ води со 7,2% пред коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива за која ќе гласаат 5,7%. 16,5% од луѓето кажале дека нема да гласаат, 9,5 одбиле да одговорат а 9% не знаат.

Сепак, со оглед на тоа што анкетата недостасуваат дури 6.1 процент, што е дакеку од некоја прифатлива статистичка грешка, ваквата анкета губи секава релевантност и може да се смета за ефтин, не многу успешен политички трик-маркетинг.