Додека траеше испитувањето на сведокот, специјалната обвинителка Фатиме Фетаи влезе во директна пресметка со поранешниот премиер Никола Груевски, дознава Економски Лидер.
Таа го праша што бил толку насмеан. Тој и одговори дека тоа не е нејзин проблем. А таа му врати “Не, не. Обвинетите се мој проблем и нивното здравје. А јас ќе се смеам како се наближува времето за вас да одите кај што треба”.
Судијата ја смируваше Фетаи и и рече ако има нешто лично со него надвор од судница да расчистуваат. На тоа Фетаи рече:”Епа порано сите му ќутеа. Дојде време се да му кажам.”