Уште еден фалсификат најверојатно е направен во село Велешта, струшко.
На избирачкото место со број 1913 на изборите во 2014 година гласале 285 граѓани, односно 30%.
На ова избирачко место во 2017 година излегле 416 гласачи, или 40%.
За време на референдумот кој се одржа пред неколку денови, на избирачкото место 1913, во 18:30 излезноста била 30,85%, односно гласале 310 граѓани.
Сомнитело е што на ова избирачко место, за само половина час бројот на излезени гласачи се искачи на 509, односно на 50%.
Според овие податоци од 18:30 до 19 часот, гласале 199 гласачи, или на секои 9 секунди по еден гласач.

