Бугарски Фактор.бг открива за кого се борел Гоце Делчев. Во текст посветен на роденденот на револуционерот, порталот во самиот наслов вели:„148 години од раѓањето на Гоце Делчев-Апостол на слободата на Бугарите од Македонија и Одринско“.
Ако насловот се стави во контекст на ФБ статусот на екс-премиерот Зоран Заев тогаш може да се види колкав е неговиот пропуст, што не го именува како македонски револуционер, кој се борел за македонската државност.
Текстот, кој во продолжение има коректна содржина, дава уште една друга слика. Со него Гоце Делчев се става во улога на историско сидро, кое заедно со Ванчо Михајлов треба да биде основа на делувањето на македонските Бугари или само Бугари во Македонија, во зависност од тоа кој како се чувствува и прокламира. Колку двата лика можат да се доведат во ист историски контекст е сосема друга работа.