„Драго ми е да слушнам дека Влатко Ѓорчев се кандидира за претседател. Тој има јасна визија за иднината на државата и сигурен сум дека ќе биде одличен адвокат на македонскиот народ во меѓународни рамки“, стои во пораката што европратеникот Алојзе Петерле му ја испрати на Влатко Ѓорчев.
-Голема благодарност за јавната поддршка до првиот премиер (1990-1992) на независна Словенија и актуелен европратеник. Голем поддржувач на Македонија и мој личен пријател веќе 14 години, возврати Ѓорчев.
Во ВМРО-ДПМНЕ вечерва на полноќ истекува последниот рок за пријавување на огласот за претседател на државата. Се очекува во трката да се вклучи и професорката Гордана Силјановска, како што тоа го побараа триесетина нејзини колеги.
ВМРО-ДПМНЕ ќе го избере својот фаворит на конвенцијата во Струга закажана на 16 февруари.