Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари средба со двајца пратеници од германскиот Бундестаг, Метин Хакверди и Кристиан Петри, со кои разговарал за европските интеграции на Македонија и очекувањата од претстојниот октомвриски Совет на ЕУ.
Како што соопштија од МНР, министерот Димитров се заблагодарил за неодамнешната одлука на германскиот Бундестаг за поддршка за безусловно отворање на преговорите за членство на Македонија во ЕУ, како и за личниот придонес на пратениците Хакверди и Петри во промовирањето на европското досие на нашата земја.
Како што се наведува во соопштението, германските пратеници ја поздравиле силната посветеност и политичка волја за спроведување на реформите неопходни за забрзување на европската интеграција на земјата и реафирмиран ставот дека германскиот Бундестаг ќе остане силен поддржувач на нашата европска агенда и патот кон Европската унија.