Македонија 30. октомври 2018. / 14:47

Еве зошто е приведен Јанко Бачев

Еве зошто е приведен Јанко Бачев

Претседателот на партијата „Единствена Македонија“ , Јанко Бачев попладнево е приведен во полициска станица. Извори од Министерството за внатрешни работи за „Независен“ велат дека Бачев бил повикан на разговор во полиција поради закани на социјалните мрежи.

На официјалната страница на партија „Единствена Македонија“ пишува дека Бачев бил приведен додека одел во партискиот штаб пред одржување на редовниот состанок на „Македонија#блокира“.

Од МВР известиле дека ќе излезат со информации по завршување на истрагата која ја води Одделот за компјутерски криминал.

Во моментов претседателот Бачев е приведен од страна на полицијата за време на одење во партискиот штаб на Единствена Македонија пред одржувањето на редовниот состанок на Македонија#блокира. Не знаеме во која полициска станица е одведен-стои на Фејсбук страницата на партијата.