Македонија 11. јуни 2019. / 12:04

Еве кој ќе стане пратеник на местото на Груевски

Еве кој ќе стане пратеник на местото на Груевски

Собраниската седница на која се очекува да се констатира оставката од пратеничката функција на Никола Груевски е одложена за 12.30 часот иако требаше да почне во 11.

Од кабинетот на Џафери велат дека одложувањето е поради средба со чешкиот премиер Андреј Бабиш, кој денеска е во официјална посета на нашата држава.

На местото на експремиерот ќе седне Ѓоко Камчев.

Камчев е роден е на 4.10.1975 во Валандово. Тој е дипломиран политиколог.