Советот на ЕУ одлучи Македонија, иако дури и се договори со Грција да го смени името, да добие датум за преговори, откако ќе ги исполни старо-новите услови за членство во унијата.
Европската унија ќе ги започне пристапните преговори со Македонија и Албанија, откако тие ќе направат прогрес во реформите. Неколку земји членки изразија загриженост за корупцијата и владеењето на правото во двете држави.
Одлуката беше потврдена за германската агенција ДПА, од дипломатски извори, по развоворите денеска помеѓу министрите за европски прашања. Некои од државите изразија загриженост, а други пак изразија силна поддршка за Македонија да ги започне преговорите со унијата, објави Дојче Веле.
Советот на ЕУ препорачува можно отворање на преговори за членство во јуни 2019 под четири услови: спроведување на итните реформски приоритети, спроведување на договорот за името, позитивен извештај на Европската Комисија и одлука на Советот на ЕУ.
Отворање на преговорите за Македонија е условено и со постигнување напредок во реформите.
Македонија доби статус земја кандидат за членство во ЕУ во 2005 година. Ако го направи бараниот прогрес за реформите, како што одлучија министрите, првите разговори ќе започнат крајот на 2019 година.