Македонија 28. февруари 2020. / 14:12

ЕУ молчи за снимките на Заев

ЕУ молчи за снимките на Заев

Европската унија молчи за двете снимки кои беа објавени од страна на пратеникот Антонио Милошоски во кои главен актер е поранешниот премиер Зоран Заев, пишува „Република“.

Од „Република“ испратиле два мејла до портаролката на Комисијата,Ана Писонеро и до портпаролот за Надворешни работи, Питер Стано, но не добиле одговор.

Прашањата кои ги испратиле се однесуваат на тоа како ги оценуваат снумките на коишто се слуша мешањето на Заев во одлуките на Врховниот суд и на Специјалното јавно обвинителство и за тоа дали за ЕУ тоа е прифатливо.

Како што велат од „Република“, досега ниту еден челник на ЕУ ги нема прокоментирано снимките на претседателот на СДСМ за кои тој призна дека се автентични.