Македонија 08. октомври 2020. / 15:13

ЕЛЕМ демантира, но признава дека директорот за општи и заеднички работи е во домашна изолација

ЕЛЕМ демантира, но признава дека директорот за општи и заеднички работи е во домашна изолација

Од Електрани на Македонија реагираат на текстот објавен на Лидер, “Дали ЕЛЕМ станува корона кластер“, но сепак потврдуваат дека директорот за општи и заеднички работи е во домашна изолација.

Соопштението во целост

Директорот за правни и општи работи се наоѓа под мерка домашна изолација која завршува утре по приватен контакт со лице позитивно на КОВИД 19. Во текот на изолацијата направен е тест кој е НЕГАТИВЕН.
Управниот одбор на АД ЕСМ веднаш беше известен за случајот од страна на директорот и обезбедено е непречено функционирање на наведената служба.
Нагласуваме дека во АД ЕСМ се почитуваат сите протоколи и стандарди за заштита од КОВИД 19, вклучително и работа од дома и работа во смени во повеќе сектори каде не може да се одржи доволна дистанца во работните простории. Во следниот период доколку следуваат нови препораки на надлежните државни и здравствени органи истите доследно ќе се спроведуваат. Оттука, остро реагираме на непроверените наводи кои ги објавувате во врска со горенаведеното.
Вработените се известени дека работните обврски треба да ги извршуваат со што помало остварување директен контакт и со користење на технолошките средства за комуникација. Задолжително е носењето заштитна опрема, и следуваат соодветни казни доколку истата не се носи, како и доколку се увиди групирање на вработени кое не е поврзано со работниот процес. Сето тоа се презема со цел намалување на ризикот од пренесување инфекција во работните простории.
Во изолирани случаи на вработени позитивни на КОВИД 19 се постапува согласно сите протоколи и истото во ништо не отстапува од општата слика на борба против ковид пандемијата која постои во светот и кај нас.авни и шти работи не се појавува на работното место веќе трета недела по ред, а

Со почит,
АД Електрани на Северна Македонија