И утрово корисникот на социјалната мрежа „Фејсбук“, Ел Чека објавуваше прислушувани разговори, во кои соговорници најчесто се функционери од ДУИ.Тој објави дестина бомби и најави дека ќе продолжи да ги споделува и во блиска иднина.Ел Чека порача дека или криминалците од ДУИ ќе бидат уапсени, или Владата на Заев ќе падне.
Али Ахмети, Муса Џафери, Бекир Асани и сите други ќе ја разберат мојата посветеност. Ќе ги објавам сите прислушувани разговори , а потоа ќе ги испратам во ЦИА и до амбасадата на САД во Скопје“, порача Ел Чека.
Тој во видео обраќање истакна дека доколку му се случи нешто или биде затворен, илјадници луѓе ќе продолжат да ги објавуваат бомбите.
МВР пред неколку дена јави дека во координација со Јавното обвинителство се преземаат сите неопходни мерки за целосно расчистување на случајот. МВР ја известило и социјалната мрежа „Фејсбук“ дека се пласирани нелегални содржини преку нивниот сервис.