Македонија 18. ноември 2019. / 18:33

(ЕКСКЛУЗИВНО ТРЕТ ДЕЛ) Филипче „кочи на кривина“ – тендерот за стерилизација се стопира?!

(ЕКСКЛУЗИВНО ТРЕТ ДЕЛ) Филипче „кочи на кривина“ – тендерот за стерилизација се стопира?!

Министерот за здравство Венко Филипче ја прикочува работата околу 13 милионскиот тендер за стерилизација, кој како што објави „Економски Лидер“ во првите две продолженија од ова истражување, се местеше за компанијата на фамозниот Александар Јовановски – Жути – откриваат за Лидер извори од министерството.

-По вашите објави работите се ставија во мирување, па иако процесот требаше да почне во петокот, сеуште нема ништо. – вели нашиот извор.

Според информациите кои ги добивме минатата недела, спецификациите на тендерот се местеа така за најмногу да одговараат на брендот „Steelco“, кoj e дел од групацијата „Miele“, која во Македонија е застапувана од семејството на Јовановски. Сега работите привремено се ставени во мирување и се бара нов модус како да се изведе оваа централизирана набавка која вреди над 13 милиони евра.

Слично претходно се случи и со тендерот за централизирана набавка на реагенси за испитување на крв, кој изнесуваше 30 милиони евра и требаше да го добие токму компанија на Јовановски – но по нашите објави беше поништен. Сега, работите се случуваат на сред постапка, па останува да видиме што ќе се случи.

Истражувањето кое „Економски Лидер“ го објави минатата недела покажува дека во само една година, компаниите на семејството на „Жути“ добиле дури 46 тендери со вкупна вредност од 73.379.817 денари.

Се работи за компанијата „БИО МЕДИКА“ во која главен сопствениик е таткото на „Жути“, Чедомир Јовановски.

Последниот тендер за „БИО МЕДИКА“ го додели токму Венко Филипче, беше потпишамн на 7ми минатиот месец и изнесува неверојатни 21.788.700 денари. Во овој тендер, фамилијата на „Жути“ ќе набавува „Медицинска опрема за ЈЗУ Прилеп, Куманово и ОБ Битола Ендоскопски столб за абдоменална хирургија и сет за видео интубација“.

Овој тендер е потпишан од таткото на „Жути“ и од министерот Филипче.