Македонија 30. март 2019. / 17:51

ЕКСКЛУЗИВНО: Роднина на Заев со Бентли го следел Мицкоски низ Европа – додека оди на научно патување во Австрија

ЕКСКЛУЗИВНО: Роднина на Заев со Бентли го следел Мицкоски низ Европа – додека оди на научно патување во Австрија

Од ВМРО-ДПМНЕ одговорија на тврдењата на одредени портали дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски е во Унгарија.

Од партијата, за Лидер велат дека Мицкоски приватно е во посета на Австрија, каде што е научен соработник.

– Претседателот Мицкоски е во еднодневна куса посета на градот Виена во Австрија, а самиот претстој е од приватен карактер, поточно со оглед на тоа што Мицкоски воедно е и професор на високонаучна установа причината за престојот е за научни цели.

Инаку патувањето е со неговиот приватен автомобил, а низ Република Унгарија поминува исклучиво како транзитна дестинација.
Вистината е дека во близина на Будимпешта (околу 40 километри после Будимпешта на враќање кон Скопје) неговото возило извесен период е следено од луксузно патничко возило од марката Бентли со струмички регистерски таблици, управувано од роднина на премиерот Заев. Веруваме дека е и изворот на тенденциозната на ваквите дезинформации кои се појавија во одредени медиуми, што само ја потврдува безидејноста на власта. Обидите за дефокусирање од вистинските теми и нервозата присутна поради поддршка од граѓаните. – велат од ВМРО-ДПМНЕ.