Македонија 03. мај 2018. / 09:49

Ексклузивно: Наум Стоилковски и Димче Арсовски поставени за портпароли на ВМРО-ДПМНЕ

Ексклузивно: Наум Стоилковски и Димче Арсовски поставени за портпароли на ВМРО-ДПМНЕ

Новинарот Наум Стоилковски и доскорашниот потпреседател на подмладокот на УМС Димче Арсовски, на синоќешниот состанок на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле поставени за портпароли на партијата – дознава Лидер од неофицијални извори.

Според нашиот извор, ВМРО-ДПМНЕ со овие две кадровски решенија планира да изврши промена во пристапот во медиумите и да воведе нов принцип на работа.

Стоилковски до стапувањето на оваа функција беше долгогодишен новинар со значителен придонес во неделникот и порталот Република, а подоцна роботеше во Телевизија Нова, по што сега влегува во политика како гласноговорник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски од друга страна е кадар кој излегува од партискиот подмладок, има 26 години и до скоро беше потпретседател на подмладокот на партијата.

ВМРО-ДПМНЕ во последните години функционираше без портпарол, сега партијата поставува двајца.

Во текот на денот се очекува официјална потврда од партијата.