Македонија 20. октомври 2019. / 20:54

ЕКСКЛУЗИВНО: Избори на 12 април, техничка влада од 3 јануари!

ЕКСКЛУЗИВНО: Избори на 12 април, техничка влада од 3 јануари!

На лидерската средба се договорило изборите да се одржат на 12 април 2020, а техничката влада да почне од 3ти јануари – брифираат за Лидер извори од преговорите.

Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада, дознава Лидер од извори од лидерската средба.

Инаку, на лидерската средба премиерот Зоран Заев прифатил 100 дена техничка влада и заминување од премиерската позиција.

Добиени се 100 дена техничка влада, Заев си оди од премиерско место, во игра избори крајот на март или април. – брифира за Лидер извор од ВМРО-ДПМНЕ.