Македонија 19. јули 2018. / 15:30

Ексклузивни информации: Шеќеринска и Заев неподготвени и збунети дојдоа на лидерската средба

Ексклузивни информации: Шеќеринска и Заев неподготвени и збунети дојдоа на лидерската средба

Лидер дојде до ексклузивни информации од лидерската средба. Според нашите извори Шеќеринска и Заев биле целосно неподготвени на лидерската средба. Шеќеринска предничела со нејзиното збунето однесување, а на моменти однесувањето на Шеќеринска предизвикало и смеа кај дел од учесниците во процесот.

Според нашите информации, СДСМ немал одговор на ниту едно од барањата на ВМРО-ДПМНЕ, и во текот на разговорот воопшто не станало збор за било каква широка амнестија, за која СДСМ претходно тврдеше дека била барана.

Шеќеринска покажала елементарно непознавање на законските нормативи, притоа погрешно цитирајќи законски норми, покажувајќи дека немаат концепт, ниту план за идно делување. Единствената загриженост на Заев било како да помине договорот со Грција за кој е свесен дека нема поддршка од народот, тврдат за Лидер добро информирани извори.

За ДИК не се разговарало досега