Македонија

„Еколошко сенародно востание во историска Дебрца“ против регионалната депонија

„Еколошко сенародно востание во историска Дебрца“ против регионалната депонија

Во недела,на 22-ри април,на денот на екологијата дебрчани ќе се кренат,на како што самите велат еколошко сенародно востание во историска Дебрца.

Во пет до 12 часот камбаната на “Свети Атанасија”, во Црвена Вода но и звукот од црковните камбани во останатите села ќе го означат почетокот од еколошкиот бунт на жителите од општината,но и од други градови во земјата, против владината намера за изградба на регионална депонија во атарот на село Годивје.

Се додека трае големиот протест, два часа ќе биде запрен сообраќајот на автопатот Охрид-Скопје, кај селото Ботун и кај Ново Село.

Интересот за протестот е огромен,велат од координативното тело кое веќе излезе со Манифест. „ Дебрца чиста ја наследивме, чиста и ќе ја оставиме, порачаа организаторите на протестот, кои во повикот потсетуваат на убавините на овој регион, но и на значењето на Дебрца во градењето на државата, тогаш кога било најтешко“, се вели во Прогласот.

Дебрчани имаат поддршка и од градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, и советниците кои едногласно ја отфрија одлуката за пренесување на ингеренциите на централната васт која заговара управувањето со отпадот да го земе во свои раце. Централната власт не се осврнува и покрај силните притисоци на мештаните од Дебрца кои и на референдум се изјаснаа дека се против изградба на депонија.

– Ние како локална самоуправа целосно остануваме на тоа што го кажаа граѓаните и сме против изградба на депонија, бидејќи сметаме дека локацијата не е баш најдобро избрана, односно пред се не ги задоволува еколошките критериуми.-Изјава Зоран Ногачески-градоначалник на општина Дебрца.

За граѓаните на Дебрца, но и за пошироката стручна јавност која ја консултиравме –вели Ногачески,решението за регионална депонија да го бараат во срцето на Дебрца, не може да се оправда со ниту еден сериозен факт. Експерите кои имаат искуство со вакви проекти, потенцираа декае неизводливо со 54,5 милиони евра да се направи современа депонија.

– Со одредени структури сакавме да направиме депонија кај Куманово и тоа беше за целово подрачје Велес,Куманово,и Скопје.Можеби, па да не ве лажам близу милјада дојде тоа е сериозна работа,многу сериозна.Меѓутоа има тука и еден друг фактор, другиот фактор е ние немаме по славна област од Македонија ова го зборувам полтички сега малку од Дебрца.-Изјава Димитар Зарче-инг.архитект.

Сите документи за воспоставување на регионален систем за управување во Југозападниот плански регион се донесени во крајно нетранспарентна постапка, без да се слушнат мислењата на засегнатите страни, стручната јавност, еколошките организации и граѓаните-реагираат од општина Дебрца.