Даниел Димевски, кој беше на листата надворешни соработници на експремиерот Зоран Заев, се најде под лупата на Антикорупциската комисија која оформила предмет за него поради закуп на спортската сала „Кале“, пишува ,,Екипа“.
Тој за неверојатно мала сума од 600 евра+ДДВ како месечна закупнина ја добил на стопанисување во наредните 30 години, заклучно со 2049 година.
Во јавноста, владата претстави дека салата СРЦ Кале ја дава на користење на Македонската Кошаркарска Федерација (МКФ). Во моментот на склучување на овој договор, Даниел Димевски се водеше како надворешен соработник на експремиерот Зоран Заев за прашања во областа на спортот и негово унапредување.
Целиот текст на Екипа можете да го прочитате ТУКА.