Грчкиот весник „Екатимерини” открива дека по интервенција од Атина македонската државната новинска информативна агенција ја сменила изјавата на премиерот Зоран Заев дадена за Македонската телевизија во Вашингтон. На интернет страницата на МРТ (4:40) стои непроменетата изјава на македонскиот премиер, објави МКД.мк.
Во изјавата за МРТ, по средбата со потпретседателот на САД Мајк Пенс во Вашингтон, Заев вели:
Додавката ‘северна’ нѐ боли сите исто, но нема друга Македонија освен нашата. Северниот дел од Грција е Грција, западниот дел од Бугарија е Бугарија, ние сме единствена Македонија, но сега е призната од цел свет. Завршува понижувањето со ФИРОМ, но призната ни е државата од сите од целиот свет- рече Заев.
„Екатимерини“ тврди дека во првата верзија на текстот објавена на МИА, изјавата на Заев била коректно пренесена. Но, по интеревенција на Атина, пишува грчкиот весник, МИА објави ваква изјава на македонскиот премиер:
Сите знаеме денес дека дел од геополитичкиот регион од Македонија е во Грција, дел во Бугарија и северниот е во нашиот дел. Придавката ‘северна’ прави разлика и ние потврдуваме дека постојат региони во Бугарија и во Грција кои се нарекуваат Македонија- пишува во текстот на „Екатимерини”.