Препорака за отворање на процес за преговори со Македонија и Албанија – веднаш – Ова е заклучокот од извештајот за напредокот на земјите од Западен Балкан. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, објасни зошто се на мислење дека веднаш треба да се започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија и да се одреди датумот.
Според извештајот, ургентна е потребата на Западен Балкан за подобрување на меѓусебните соседски и внатрешни односи , како услов за регионална безбедноста.
Договорот меѓу Македонија и Грција е оценет како историски.
–Со задоволство констатирам дека Албанија и Северна Македонија остварија напредок . Првите во правосудниот систем. Македонија со двата договора со Грција и Бугарија е светол пример за другите.
-Затоа, предлагам да ги отвориме преговорите со Македонија и Албанија и тоа веднаш, -рече Хан.