Македонија 21. август 2020. / 20:20

Ефтимов: Ова мнозинство упорно и без срам го крши уставот

Ефтимов: Ова мнозинство упорно и без срам го крши уставот

Пратеникот Дајанчо Ефтимов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ денес се обрати на собраниската седница. При своето излагање посочи дека функцијата која што денес сите ја обавуваат овде во законодавниот дом, која што треба да биде лулка на демократијата во секое демократско општество е за жал девалвирана.

Ефтимов додаде дека за жал се продолжува лошата пракса, односно праксата која што парламентарно мнозинство ја тераше. Ова парламентарно мнозинство продолжува упорно и без срам да го крши Уставот на Република Македонија.

-Коалицирањето на власта, оваа коалиција е создадена со цел да се затскријат сите криминали кои што претходно ги имаат сторено. Односно да го озаконат незаконското. Со тоа да се избегне одговорноста во иднина, рече Ефтимов.