Македонија 05. октомври 2019. / 22:15

Единбург сака независна Шкотска

Единбург сака независна Шкотска

Илјадници Шкоти попладнево маршираа во центарот на Единбург повикувајќи на независност од Велика Британија, пренесе АФП.

Меѓу демонстрантите беше и пратеничката на Шкотската национална партија, Јоана Чери, која беше една од иницијаторите на новиот закон за одложување на Бреgсит. Шкотска одржа референдум за своите односи со Лондон во 2014 година.

Во тоа време, 55% од гласачите се определија да останат во Велика Британија. Две години подоцна, сепак, на референдум за и против останувањето во ЕУ, 62% од Шкотите го поддржаа членството во унијата. Според сепаратистите, ова е доволна причина за нов референдум за одвојување од Велика Британија. Првиот министер на Шкотска, Никола Стергеон, исто така, сака ваков референдум.