На територијата која ја покрива Центарот за јавно здравје од Прилеп денеска се регистрирании четири случаи на новозаболени од Ковид-19.
Еден заразен има во Прилеп додека три се во населеното место Десово во Општина Долнени.
Во Општина Прилеп денеска нема оздравени од болеста.
Од почетокот на пандемијата вкупниот број на заразени во Прилеп е 217, а бројот на активни случаи е 32, од кои 20 се на домашно, а 12 на болниичко лекување.
На Инфектиивното одделение во прилепската болница има 4 лица.
Досега 170 лица оздравеле, а бројот на починати во Прилеп е 15.
Од извршениот скрининг во детските градинки сите 192 вработени се негативни.
Во Центарот за јавно здравје Прилеп досега се земени 1.322 брисеви и дополнители 144 во инфективното оддление во болницата.
Во самоизолација се 42 лица, а вчера заради неносење на заштитни маски биле изречени 3 прекршочни пријави.