Македонија 24. август 2020. / 19:14

Џафери за утре во 11 часот закажа седница на која ќе се бираат потпретседатели на Собранието

Џафери за утре во 11 часот закажа седница на која ќе се бираат потпретседатели на Собранието

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, за утре во 11 часот ја закажа седницата со единствена точка на дневен ред – утврдување на бројот на потпретседатели на Собранието.

Иако најавите и очекувањата беа тоа да се случи денеска, истата се одложи поради превирањата во ДУИ околу министерските места. Крајниот рок за доставување на предлогот за нова влада до Собранието е 2 септември или уште седум работни дена.

Лидерот на СДСМ и мандатар за составување на влада Зоран Заев денеска изјави дека предлогот за новата влада ќе биде доставен откако ќе се изберат потпретседателите на Собранието.