Македонија 24. февруари 2019. / 19:05

Џафери во 21 часот закажа седница за одземање на имунитетот на Вељаноски

Џафери во 21 часот закажа седница за одземање на имунитетот на Вељаноски

Претседателот на собранието Талат Џафери за во 21.00 часот ја закажа пленраната седница за одземање на пратеничкиот имунитет на Трајко Вељаноски, потврдуваат од Кабинетот на Џафери за 1ТВ.

Одлуката за вечерва да се одржи собраниската седница следи по целодневните консултации на Џафери во парламентот.

Вечерва на полноќ истекува рокот на законодавниот дом по кој треба да се произнесе на судското барање за Вељаноски, бидејќи без мислење од собранието не може да почне неговиот распит пред судија на претходна постапка во кривичниот суд. Обвинителството го осомничи поранешниот собранискиот спикер Трајко Вељаноски како еден од организаторите за „крвавиот четврток“, со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. За Вељаноски обвинителството за организиран криминал бара притвор.