Пратениците, ниту партиите нема во кеш да добиваат пари од предвидените 80 милиони денари за кампања за референдумот, рече собранискиот спикер, Талат Џафери.
„Средствата за кампања се на посебна сметка. Ќе се делат пропорционално спрема пратеничките групи кои се изјаснија ‘за’ или ‘против’. Иако 49 пратеници рекоа да се пренаменат, не може, средства остануваат. Собранието откупува медиумски простор. За кампањата ‘за’ ќе може да се потрошат 59 посто од сумата, а за кампањата ‘против’ остануваат 41 посто од предвидените средства“, појасни Џафери и додаде можат да се закупат максимално 9 минути на реален час програма.
„Ние имаме обврска да откупиме медиумски простор според одлуката на ДИК. Практичната работа на пратениците е во доменот на нивните овластувања. Дали ќе имаат средби или ќе одат од врата на врата, тоа е личен избор“, вели тој.