Македонија 25. февруари 2019. / 13:54

Џафери: Поради однесувањето на пратениците, а, особено пратеникот од мнозиството Мухамед Зеќири, седницата мораше да биде прекината

Џафери: Поради однесувањето на пратениците, а, особено пратеникот од мнозиството Мухамед Зеќири, седницата мораше да биде прекината

Претседателот на Собранието Талат Џафери одговори на нападите на пратениците за прекинот на вчерашната седница на која требаше да биде одземен имунитетот на Трајко Вељановски. Но, Џафери ја прекина седницата, и одговори зошто го стори тоа.

-Јас сум претседател на Собранието, но не под диктат, туку се раководам по основните уставни принципи. Додека сум претседател на Собранието нема да дозволам никој да го узурпира Собранието, и да ја попречи работата на Собранието. Оние кои се повикуваат на мене, поради нивните пропусти, нека се преиспитаат себе си-

Талат Џафри не го спасува ниту Вељановски ниту било кого. Седницата е прекината поради тоа што помина времето предвидено за носење одлука до 24.00 часот. Поради однесувањето на пратениците, а, особено пратеникот од мнозиството Мухамед Зеќири, седницата мораше да биде прекината, тоа е мојата обврски. Доколку е нарушен редот, мора да биде прекината седницата. Што кажа, како кажа, не е време ни место- кој прашан да даде коментар за најавата за бојкот на СДСМ на Собранието, додаде:

-Јас сум должен да свикам седница, а дали ќе има мнозиство, тоа не е моја работа-рече Џафери.