Македонија 08. ноември 2019. / 09:27

Џафери отфрла можност за повторно свикување на парламентот заради ратификацијата на протоколот за НАТО

Џафери отфрла можност за повторно свикување на парламентот заради ратификацијата на протоколот за НАТО

Претседателот на собранието Талат Џафери отфрла можност за повторно свикување на парламентот заради ратификацијата на протоколот за НАТО, откако тој веќе ќе биде распуштен согласно со роковите за предвремените избори кои се закажани за 12 април.

Џафери во интервју за Македонската радио-телевизија синоќа појасни дека изборниот законик предвидува 60 дена за спроведување на изборите. Уставот и законот не предвидува техничко собрание. Од одлуката дека е распуштено, Собранието нема мандат. Ситуациите кога може да се собере Собранието за итни потреби ги пропишува Уставот и уставот пропишува соодветни надлежности во такви ситуации на претседателот на државата, но точно се знае во кои услови и предуслови. Значи, во случај на воена состојба, вонредна состојба, законодавецот и уставотворецот предвидел таква ситуација, вели Џафери.