Собранискиот спикер Талат Џафери и официјално го потпиша решението за распишување на претседателските избори, чиј прв круг ќе се одржи на 21 април, а вториот круг на 5 мај.
– Треба да одржиме избори какви што и доликуваат на европска демократска држава. Апелирам до сите учесници во изборниот процес да се однесуваат според Уставот и законите, а надлежните институции да се погрижат тој ден да помине во свечена и деморкатски атмосфера, рече Џафери.