Македонија 10. февруари 2020. / 15:51

Џафери: Добив информација од ДИК дека Собранието треба да се распушти најдоцна до 16 февруари

Џафери: Добив информација од ДИК дека Собранието треба да се распушти најдоцна до 16 февруари

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, изјави дека кога се обратил до ДИК со прашањето кога е рокот за распуштање на Собранието, добил одговор дека тоа треба да се направи 55 денови пред изборите односно Парламентот би можел да се распушти најдоцна до 16 февруари.

Ваквата изјава, Џафери ја даде на заедничката прес-конференција со претседателот на словенечкиот Парламент, Дејан Жидан, посочувајќи исто така дека како пратеник, денеска до Собранието доставил нова Предлог-одлука за распуштање на Парламентот.