Македонија 24. јуни 2020. / 14:28

Дволичноста на дело: Димитров и се заблагодари на „фашистичката“ власт на Хрватаска, без да и се извини за глупостите на Тозија!

Дволичноста на дело: Димитров и се заблагодари на „фашистичката“ власт на Хрватаска, без да и се извини за глупостите на Тозија!

Министерот за надворешни работи Никола Димитров и денеска потврди дека нема граници во неговата дволичност.

На теле-конференциската средба со дипломатскиот кор во државата, што ја организираше амбасадата на Република Хрватска во чест на завршувањето на хрватското претседателство со Европската Унија, Димитров се заблагодарил за силната поддршка на хрватските пријатели за европската перспектива на земјата. Притоа истакнувајќи дека токму во времето на нивното претседателство со Советот со ЕУ се донесоа важни одлуки за политиката на проширување на ЕУ, а особено одлуката за почеток на пристапните преговори со Македонија.

– Хрватското претседателство во мошне тешки околности и големи предизвици успеа да ја одржи политиката за проширување високо на агендата на ЕУ и тоа е големо постигнување, истакна Димитров.

Но, ваквата постапка на министерот Димитров го поставува прашањето дали со ова и се заблагодарува на „фашистичката“ хрватска власт на чело со премиерот Пленковиќ, како лидер на владејачката ХДЗ? Зашто, тој во ниту еден момент не се извини за глупостите на директорот на Агенцијата за филм, Горјан Тозија, кој хрватските и словенечките власти ги етикетираше како „фашистички“.

На етикетите на Тозија следуваа редица реакции од земјата, Хрватска, Словенија, и од македонските друштва за пријателство во овие држави. Тој на двапати се извини, а министерот Димитров не најде за потребно да го стори истото и за отворените навреди на пријателските Хрватска и Словенија да го разреши од функцијата директор на Агенцијата за филм.