Двајца градежни работници загина, а други двајца биле повредени претпладнево во складиште за радиоактивен отпад, јави БГНЕС повикувајќи се на извори од Атомската електрична централа (АЕЦ) „Козлодуј“ во Бугарија.
На територијата на Бугарија, потсетува агенцијата, е изградено национално складиште за радиоактивен отпад на ниско и средно ниво. Инвеститор е Државното претпријатие „Радиоактивен отпад“, а изведувач на градежните активности на локацијата е германско-бугарскиот конзорциум „Национално складиште за радиоактивен отпад“.
Договорот за изградба на првата фаза на Националната установа за складирање на радиоактивен отпад од ниско и средно ниво е потпишан во 2016 година, а градежните работи започнале во 2017 година.