Македонија 17. јули 2020. / 10:05

Двајца млади кавадарчани нови позитивни на Ковид-19

Двајца млади кавадарчани нови позитивни на Ковид-19

Уште двајца млади кавадарчани се позитивни на Ковид-19, потврдува за МИА доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

Јовановски појаснува дека станува збор за мажи на возраст од 26 и 34 години, кои веќе биле во изолација како посочени контакти на претходно евидентирани лица позитивни на коронавирус.

Двајцата новозаболени имале лесна клиничка слика и биле на домашно лекување. Се работи на утврдување на нивните контакти, со цел нивна изолација.