Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил сподели дека денешната бројка на заболени со корона вирус во земјата е 26 пациенти.
-Утрово се тестирани 10 пациенти. Позитивни се тестовите се 3-ца пациенти кои се тестирале на Клиниката „Жан Митрев“, а за нив ИЈЗ направи контрони тестови кои го потврдија претходниот резултат. Состојбата на сите пациенти е стабилна, напиша Филипче.
Повеќе информации министерот најави дека ќе даде на прес-конференција закажана во 14:00 часот.