Македонија 08. август 2018. / 21:02

Два сомнителни случаи за западно-нилска треска во Македонија

Два сомнителни случаи за западно-нилска треска во Македонија

Два сомнителни случаи на западнонилска треска евидентирани и во Македонија. Кај дете и повозрасна жена кои се хоспитализирани во болница, во лабораторијата на Институтот за јавно здравје проверуваат дали вест најл вирусот кој го пренесуваат комарци е причина за нивната состојба, или, пак станува збор за друга инфективна болест. Од ИЈЗ ќе им направат и епидемиолошка анкета дали биле каснати од комарец или патувале во земја каде има заболени од западно-нилска треска.

– Меѓу другото е побарано да се испита и присуство на вест најл. Некој се посомневал меѓу друготот дека можеби е западно нилска треска, во момењнтот се прават испитувања и ќе е информираме дали има нешто или не, вели др. Гордана Кузмановска, епидемиолог во ИЈЗ

Епидемиолозите предупредуваат дека сега е сезона на вектор преносливите болести и во соседна Србија веќе има 70тина заболени и 5 починати од западно нилка треска. Поголем број на инфицирани биле регистрирани и во Грција. Македонските здравствени власти велат дека изминатите два месеци будно ја следат состојбата со заболувањата што ги пренесуваат комарците. Меѓутоа не постојат симптоми кои се карактеристични за вест најл вирусот, туку според лекарите, тие се исти како и кај грипот.