Македонија 14. август 2019. / 10:57

ДВ: Поради „педерот“ заборавија на „Рекетот“

ДВ: Поради „педерот“ заборавија на „Рекетот“

Анализите за некоректноста на премиерската изјава, во длабока сенка го ставија третманот на главната тема – случајот „Рекет“, кој преку политичка естрадизација може тотално да се измести од правен терен, пишува ДВ.

Дали една реченица на премиерот може да биде поопасна за неговата Влада отколку „неколку криминалци, суетен новинар, и со извинение до ЛГБТИ зедницата – еден педер“, на кои Заев им порача дека нема да им дозволи да ја симнат неговата Влада од власт?

Според реакциите, кои традиционално се поделени во „напад и одбрана“, фокусот најмногу се насочи врз потенцијалот за дискриминација по основа на сексуална ориентација и многу брзо темата се измести од тежиштето: сите зборуваат за „педерот“, а не за „рекетот“.

Иститот аспект остана доминантен и по објаснувањето на Заев дека ЛГБТИ заедницата ја има неговата голема почит.

Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега – напиша Заев на „Твитер“.

Не може да се извините, па да ги навредите граѓаните чиј премиер сте, а истовремено да се залагате за инклузивно и едно општество за сите – вели Жанета Трајкоска, директорка на Институтот за комуникациски студии (ИКС) во разговор за ДВ.

Трајкоска исто така потенцираше дека говорот на првите луѓе во една држава е пример како да се однесуваат граѓаните. Овој говор на премиерот ќе создаде ефект на снежна топка и сега ќе имаме наплив на непријателски говор и говор на омраза кон тие што тој ги истакна, односно ‘педерите’ и „суетниот новинар“.

Од таков „развој“ стравува и Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот Комитет.

Последната изјава на премиерот сериозно ги става под знак прашање неговите претходни ‘заложби’ за прифаќање на ЛГБТИ заедницата и обезбедување на еднаков третман во општеството. Ние секојдневно се бориме против ваквиот дискриминаторски говор или говор на омраза, и сега дочекавме токму премиерот да употребува таков говор, за кој ние секојдневно апелираме дека треба да се казнува. Патем, политичарите имаат уште поголема одговорност отколку обичните граѓани. Притоа, опасноста е во тоа дека токму таквиот став преку таков говор, може повторно да го поттикне насилството врз ЛГБТИ заедницата – изјави Пировска за ДВ.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.