Македонија 11. јули 2020. / 15:39

Дурловски и Силјановска: Спојот на науката и уметноста ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење

Дурловски и Силјановска: Спојот на науката и уметноста ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење

Носителот на Изборната единица 5 на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурлевски заедно со носителката на Изборната единица 5, Гордана Силјановска-Давкова испратија силна порака за спојот на науката и уметноста.

Дурловски порача дека токму тоа ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење.

„Спојот на науката и уметноста ќе ја направи Македонија поубаво место за живеење!

Професорката Гордана Силјановска-Давкова е неприкосновен борец за правда, кој остро се спротистави на сите национални понижувања што ги доживеавме.

Ние делиме иста љубов, Македонија, и имаме иста цел, стабилна и просперитетна држава!

#Манастирец, онаму каде што се спојуваат ИЕ 1 и ИЕ 5“, порача Дурловски.