Македонија 25. јуни 2020. / 22:12

Дуковски: Ми се јави машки глас и рече „Кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“

Дуковски: Ми се јави машки глас и рече „Кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“

Непосредно пред да дојде Бојан Јовановски во обвинителството, од непознат број ми се јави машки глас и ми рече: „кажи му на тој денес кога ќе оди во обвинителство да не зборува зошто ќе го убиеме“. Овој случај веднаш го пријавив во полиција, изјави за МКД.мк Сашо Дуковски, адвокат на Бојан Јовановски.

Дуковски прашал кој се јавува, но добил одговор: „ти рековме да не прашуваш многу туку само да му пренесеш на педерот дека ако збори ќе го убиеме“. Адвокатот рече дека тој не добил никаква закана.

Бојан Јовановски, осуден за случајот „Рекет“, утрово на негово барање бил спроведен во JO и имал средба со обвинител. Тој наводно поднел две пријави против неколку политичари и бизнисмени за повеќе кривичи дела како противзаконито посредување, изнуда, давање лажен исказ, измама, тортура… Кривичните пријави биле поврзани со предметите „Рекет” и „Меѓународен сојуз”. Најавено е дека Јовановски ќе поднесе и други кривични пријави на 3 јули.