Македонија 19. август 2020. / 18:32

ДУИ почна со партискиот состанок, Заев ќе реферира пред партијата во 20 часот

ДУИ почна со партискиот состанок, Заев ќе реферира пред партијата во 20 часот

ДУИ веќе го почна закажаниот состанок на Централниот совет на партијата на кој се дискутира за изборите и коалицискиот договор што го постигнаа договорот со СДСМ.

По нејзиното завршување, се очекува лидерот на партијата да даде изјава за медиумите.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев пак ќе реферира за коалицискиот договор пред партиските органи вечерва во 20 часот. Вп хотелот „Холидеј Ин“ закажана е седница на Централниот одбор на партијата. И од таму се најавуваат изјави по завршувањето на работната партиска седница.