Изборниот процес бил демократски и во согласност со меѓународните стандарди, а сега се очекува конституирање на Собранието и на Владата што поскоро. Ова е заклучокот на средбата помеѓу лидерот на ДУИ Али Ахмети и германската Амбасадорка Анке Холштеин.
Предизвиците пред нас се големи, преговорите со Европската Унија, економското заздравување и соочувањето со пандемијата, но и остварувањето на изборните програми, затоа и консолидацијата на институциите не смее да доцни“, се вели во соопштението на ДУИ за заклучоците од средбата.
Како што велат од партијата, Ахмети ги истакна црвените линии на ДУИ и на Албанците, Охридскиот, Преспанскиот и Договорот за добрососедство, но и реформите за исполнување на европските стандарди и нивните изборни ветувања.