Македонија 24. август 2018. / 19:30

ДУИ ќе води кампања за Договорот за промена на името

ДУИ ќе води кампања за Договорот за промена на името

Парламентарната Група на Демократската Унија за Интеграција денес го информираше Претседателот на Собранието дека ќе земе активно учество со сите свои пратеници на кампањата што Собранието треба да ја води како овластен предлагач на Референдумот што треба да се оддржи на 30 Септември годинава.

„Имајќи ги предвид нашите лични определби како пратеници, но и партиските, стратешките и идеолошките определби за интеграција на Македонија во Европската Унија и во НАТО, сите пратеници на ДУИ, со поддршка и на екзекутивната и локалната влас но и на цивилното општество, ќе води кампања ЗА Преспанскипот Договор и успешна евроатлантска интеграција на нашата земја затоа што успешен референдум генерира мир, стабилност, сигурност, владеење на правото, еднаквост, економски развој и општествена благосостојба како и постројување на нашата држава рамо до рамо со големото евроатлантско семејство“, стои во соопштението на партијата.